
Напаѓачот Роберт Левандовски останува во Барселона и следната сезона. Ова го соопшти неговиот агент Пини Захави, со што ги демантираше информациите дека Каталонците размислуваат да го продадат Полјакот.
35-годишниот фудбалер не ја има својата најдобра сезона, но, сепак, тој е многу важен адут во тимот на Чави Хернандез.
„Глупости, лажни вести“, изјави Захави. „Левандовски 100% останува во Барселона и следната сезона“.
Напаѓачот има 24 гола во 45 натпревари во сите натпреварувања оваа кампања.
Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
