Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, ги обвини челниците на неговиот поранешен клуб Баерн дека ширеле лаги за неговото заминување од клубот.
Се зборуваше дека Левандовски бил навреден бидејќи Баерн Минхен сакал да го замени со Ерлинг Халанд. Тој вели дека тоа не е вистина.
Полскиот фудбалер по осум години реши да ги напушти редовите на баварскиот гигант и направи се за да го напушти клубот. По заминувањето, тој тврди дека првите луѓе на Баерн треба да престанат да шират лаги за него.
„Тоа нема никаква врска со Ерлинг. Јас сум човек кому вистината му е најважна, дури и кога е лоша за мене. Не сакам да ви откријам што точно се случи, но тоа не е поради него. Одредени луѓе ме излажаа, едно зборуваа, а друго правеа. Сакав се да биде чисто и за некои очигледно тоа беше проблем. Го чувствував тоа и знаев дека е вистинско време да го напуштам клубот“, изјави Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













