
Роберт Левандовски отворено изјави дека сака да го напушти Баерн Минхен, а Барселона е тимот каде посакува да се пресели. Каталонците немаат пари за некое големо обештетување, па сега се потпираат на една „дупка во законот“ која толку често досега не е користена.
„Билд“ пренесува дека Полјакот е подготвен да ја искористи „Вебстер клаузулата“ за да и помогне на Барса да го потпише ова лето.
За што се работи?
Трансферот на Енди Вебстер од Хартс во Виган во 2006 година е еден од најважните за светот на фудбалот бидејќи во ФИФА е направено компликувано правило.
Фудбалерите повозрасни од 28 години можат да откупат сопствен договор во случај да се поминати најмалку две години од последното обновување на договорот со актуелниот клуб.
Секако дека Баерн Минхн би добил одредено обештетување, но прашање е колкава сума пари би била. Секако, не 40 милиони евра колку што бара Баерн за разделбата со Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal