Connect with us

Левандовски и Рафиња го суредија Виљареал (ВИДЕО)

Барселона продолжува со доминацијата во Ла Лига на стартот на сезоната. Тимот на Ханси Флик го оствари шестиот последователен триумф, победувајќи убедливо на гости против Виљареал со 1-5. Со 18 освоени бодови, каталонскиот тим е на врвот на табелата.

Роберт Левандовски постигна два гола, но не успеа да реализира пенал за хет-трик. Бразилецот Рафиња, исто така, даде два гола, додека Пабло Торе го заокружи резултатот со својот погодок.

Виљареал го постигна единствениот гол преку Ајозе Перез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови