Полскиот голгетер Роберт Левандовски го известил раководството на Баерн Минхен дека нема да го продолжи договорот и дека сака да го напушти клубот на лето. Напаѓачот одлуката ја донел пред неколку месеци, а германските медиуми пишуваат дека сака да си го исполни сонот со трансфер во Барселона.
Левандовски има договор со Баерн до летото 2023 година, но со месеци одбива да ја продолжи соработката со германскиот шампион. Во меѓувреме се појави Барселона на Чави, која направи се што е во нејзина моќ да го убеди Полјакот да дојде.
Оваа сезона Левандовски постигна 49 гола на 45 натпревари и има седум асистенции во сите натпреварувања. Тој е играч на Баерн од летото 2014 година, кога по истекот на договорот пристигна од Борусија Дортмунд.
Барселона сега треба да се договори за обештетувањето за Левандовски, кое би требало да изнесува околу 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













