Connect with us

Левандовски е „The Best“, според ФИФА, а го гласаше и Стефан Ристовски

ФИФА на церемонија во Цирих ги избра најдобрите и ги додели „The Best“ наградите. Роберт Левандовски конечно го доби заслуженото признание, најдобар во светот за 2021 година.

За него гласаше и капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, а селекторот Благоја Милевски го рангираше на втората позиција, веднаш зад Жоргињо. Новинарот Мијалчо Дургутов исто така гласаше за Роберт Левандовски како најдобар во изборот на ФИФА.


Роберт Левандовски ја победи конкуренцијата и ги остави зад себе Лионел Меси и Мохамед Салах.

За најдобрата фудбалерка за 2021 е избрана Алесија Путељас, пред Дени Хермосо и пред Сем Кер. Покрај признанието од ФИФА, Путељас претходно ја доби и „Златната топка“.

Специјална награда доби Кристијано Роналдо, Томах Тухел е најдобриот тренер, а најубавиот гол „наградата Пушкаш“ ја доби Ерик Ламела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови