Connect with us

Левандовски: Би сакал следната сезона да играм со Меси

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, истакна дека сака Лионел Меси да се врати на „Камп Ноу“. Тој даде интервју за „Мундо Депортиво“ во кое повторно го повика Аргентинецот да се врати, што не беше прв пат.


„Лео Меси и припаѓа на Барселона и сите го знаат тоа. Не знам што ќе се случи, но се надевам дека ќе играме заедно во тимот следната сезона. Би било неверојатно ако тој повторно заигра во Барселона и сите знаеме дека ова е единственото место за него“, рече Левандовски.

Меси, според дел од француските медиуми, одлучил да не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и чека официјална понуда од Барселона. Сепак, овојпат каталонскиот клуб сака да ги реши сите пречки со Ла Лига околу неговата регистрација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови