Англискиот премиерлигаш Лестер го ослободи својот менаџер Стив Купер по поразот од 1-2 против Челси во натпревар од Премиер – лигата овој викенд. Купер ја презеде функцијата од Енцо Мареска ова лето, но го напушта „Кингс Пауер“ со само две победи и еден бод над зоната за испаѓање.
Лестер вечерва објави дека и асистентот Алан Тејт и тренерот на првиот тим Стив Рандс исто така се ослободени од своите позиции.
„Им благодариме на тројцата за нивниот придонес и им посакуваме сè најдобро во иднина. Тренинзите на првиот тим ќе ги води Бен Доусон, кој ќе биде поддржан од Дани Олкок и Анди Хјуз. Клубот започнува процес за именување нов менаџер и се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно побрзо“, соопштија „лисиците“.
Лестер е во серија од четири натпревари без победа во Премиер – лигата, а во последниот дуел тимот загуби од својот поранешен менаџер Енцо Мареска и Челси. Минатата година Италијанецот ги одведе „лисиците“ до првото место во Чемпионшип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













