
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, ги пронајде причините за моменталната слаба форма на аргентинската ѕвезда Лионел Меси. Тој има сериозни проблеми со мускулите, поради преголем напор од патувањата.
„Ситуацијата со Меси е малку компликувана. Во првиот период во ПСЖ тој помина повеќе време со репрезентацијата отколку со клубот, поради што има проблем. Со толку многу патувања, вакви непријатност со мускулите се нормални”, изјави Леонардо.
ПСЖ со пресврт го победи Лил со 2-1, а Маурисио Покетино на полувремето го повлече Меси. Потоа истакна дека тоа била и докторска одлука.
„Нормално е да имате проблеми со мускулите кога толку многу патувате. Слично му се случува постојано и на Нејмар“, истакна Леонардо.
Од засилениот тим на ПСЖ оваа сезона се очекува да ја врати титулата во Франција, но конечно да го освои и толку посакуваниот пехар во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
