Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута е нов фудбалер на Шибеник. Тој се враќа во Хрватска каде во минатото го носеше дресот на Ријека, во шампионските денови на овој клуб.
Жута пристигнува од шведскиот клуб Бромапојкарна, а договорот со Шибеник е потпишан на една година, со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона.
Освен за Бромапојкарна, Леонард Жута во кариерата настапуваше и за Вастра Фролунда, Хакен, Ријека, Коњаспор, Лече и Валеренга.
„Пресреќен сум поради доаѓањето во Шибеник, низ кариерата многупати сум играл на Шубичевац, но на спротивната страна. Дојде време да го облечам и портокаловиот дрес. Знам дека се работи за клуб со богата традиција, со верни навивачи. Се радувам на новите предизвици и верувам во успеси со новиот тим“, изјави Жута по доаѓањето во новиот хрватски прволигаш.
Леонард Жута има 15 настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













