Connect with us

Лео Меси се враќа на „Камп Ноу“: Едно полувреме ќе игра за Барселона, едно за Аргентина

Лионел Меси би можел да се врати на „Камп Ноу“. Не во редовите на Барселона, туку да одигра проштален натпревар на стадионот кој му беше дом цели 21 година.


Во 2021 година, како слободен играч, Лионел Меси мораше да го напушти клубот поради лошата економска ситуација во Барселона и си замина без отштета.


Тогаш потпиша за ПСЖ. Во францускиот клуб остана две години, но сонот на клубот за трофеј во Лигата на шампионите никогаш не беше остварен.


Се шпекулираше дека Аргентинецот ќе се врати во Барселона по завршувањето на договорот во Париз, но тоа не се случи.


По завршувањето на соработката со ПСЖ, Меси реши да ја напушти Европа. Тој потпиша за Интер Мајами и е првиот играч кој ја освоил „Златната топка“ додека играл за клуб надвор од Европа.
„Камп Ноу“ моментно се реновира, а на него би можел да се врати Лео Меси. И тоа на неговото отворање.


Како дел од 125-годишнината на Барселона, планиран е натпревар со светскиот првак, фудбалска репрезентација на Аргентина, на отворањето на новата верзија на култниот стадион „Камп Ноу“.


Планот е Лионел Меси да одигра 45 минути во дресот на Барселона и на тој начин да се прости од клубот, а потоа да одигра 45 минути и во дресот на Аргентина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови