
Иднината на Лионел Меси беше неизвесна, но сега изгледа дека е на пат да се разјасни. Иако сè уште нема официјална потврда, таа би требало да пристигне наскоро.
Според написите на „Мајами Хералд“, аргентинската фудбалска ѕвезда ќе остане во Интер Мајами, и покрај бројните шпекулации околу неговата иднина. Меси има важечки договор со американскиот клуб до декември оваа година, но истиот ќе биде продолжен.
Преговорите помеѓу клубот во сопственост на Дејвид Бекам и Меси траат веќе неколку месеци, а двете страни успеале да постигнат договор. Се очекува Интер Мајами наскоро официјално да го објави продолжувањето на соработката.
Меси побарал засилувања во тимот, а управата го уверила дека летово ќе бидат донесени неколку значајни имиња, што го натерало Аргентинецот да ја прифати понудата за останување.
Преговорите кратко биле стопирани, при што шпанска „Марка“ објави дека главната причина е Светското првенство во 2026 година. Меси сака постојано да игра дотогаш, но поради форматот на МЛС лигата, која се игра од зима до есен, тоа би било тешко изводливо. Дури и ако МЛС лигата ја промени структурата на сезоната, тоа не би било можно пред 2027 година.
Наводно, Меси планира да се пензионира по Мундијалот во 2026 година и сака да го заврши својот пат на најдобар можен начин.
Сега, сепак, дојде до пресврт и Меси, како што изгледа, ќе остане член на клубот од Флорида.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
