Connect with us

Легендите на Манчестер Јунајтед го нападнаа Бруно Фернандеш

Манчестер Јунајтед доживеа неверојатен дебакл откако загуби од Ливерпул на „Енфилд“ со 7-0. Легендите на славниот клуб тешко се справија со катастрофата против најголемиот ривал, а особено ги налути Бруно Фернандеш.


„Второто полувреме беше срамно. Беше хаварија, а тоа беше особено видливо во однесувањето на капитенот Бруно. Во одредени моменти неговото однесување беше неприфатливо“, изјави Гери Невил. „Ги крева рацете и го прашува тренерот зошто не излегува? Тоа не беше капитенска игра. Доста ми е од него. Тој и неговото однесување, кукање и преправање. Менаџерот треба да стави крај на таквиот однос“.


Ништо помалку груб кон капитенот на Манчестер Јунајтед беше и легендарниот Рој Кин.


„Неговиот говор на телото беше срамен. Тој е талентиран играч, капитен е, но тоа што го покажа… Говорот на телото, мавтање со рацете, недостаток на борбеност. Не би биле среќни со него во соблекувалната“, јасен е Кин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови