Connect with us

Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега

Најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул, Јан Раш, се опоравува во болница откако помина два дена на интензивна нега поради грип.

64-годишниот Раш минатата недела бил хоспитализиран во болницата „Countess of Chester“ поради потешкотии со дишењето. Од Ливерпул им се заблагодарија на медицинскиот персонал за „давањето најдобра можна нега“ и истакнаа дека „сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување“.

Раш имаше два исклучително успешни периоди во Ливерпул, разделени со престој во Јувентус во 80-тите години. Тој постигна рекордни 346 голови во 660 натпревари за клубот, освоил пет титули во Првата дивизија и две европски купови.

Во текот на 22-годишната кариера играше и за Лидс, Њукасл и Рексам, а за националниот тим на Велс забележал 73 настапи и стана негов најдобар стрелец со 28 голови, додека овој рекорд не го надмина Гарет Бејл во 2018 година.

По завршувањето на играчката кариера во 2000 година, Раш се обиде како тренер и имаше осуммесечен ангажман како тренер на Честер. Денес работи како амбасадор на Ливерпул и редовно присуствува на натпреварите на „Енфилд“.

Во Обединетото Кралство во моментов се забележува значителен пораст на случаи на грип. Минатата недела во Англија во просек биле хоспитализирани 2660 пациенти дневно – највисок број за ова време од годината од почетокот на водењето статистика во 2021 година и за 55% повеќе отколку претходната недела. Податоците покажуваат дека растот на грипот се забележува и во Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови