
Во Шкендија најверојатно ќе следи нова комплетна реконструкција, откако тимот доживеа фијаско во Европа и беше елиминиран уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Според информациите, нов спортски директор на клубот треба да биде легендарниот швајцарски репрезентативец Адмир Мехмеди. Тој е роден во Гостивар и за првпат би можел да дојде да работи во македонскиот фудбал.
Оваа информација доаѓа од швајцарскиот медиум „Блик“.
Шкендија беше елиминирана од ерменскиот претставник Ноа, загуби на двата меча, а тоа јасно покажува дека и покрај сериозните вложувања коцките во тимот, а и на раководните позиции во клубот, не се наместени како што треба.
Токму тоа веројатно ќе треба да биде задачата што Адмир Мехмеди ќе ја добие од „Еколог“.
Тој во кариерата беше дел од Баер Леверкузен, Фрајбург и Волфсбург во Бундеслигата, а играше и за Динамо Киев и за Цирих. Откако ја заврши активната кариера, Адмир Мехмеди работеше како спортски директор на швајцарскиот клуб Шахфаузен.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
