
Македонскиот прволигаш Гостивар продолжува со големи активности ова лето. По ангажманот на неколку големи засилувања, раководството на клубот за нов спортски директор го именуваше Муса Соу, поранешниот прославен фудбалер на Фенербахче и на Лил.
Тој во иднина ќе биде одговорен за спортскиот дел на клубот.
„Со задоволство го објавуваме приклучувањето на Муса Соу во нашиот клупски менаџмент. Тој е легенда на Фенербахче и на Лил, двапати шампион, најдобар стрелец во турската Суперлига и француската Лига 1, мајстор на удари со ножички, пример за спортски и хуманитарни активности во Турција и во Африка. Топло го пречекуваме со неговата одлука да ни се придружи во нашата авантура“, соопштија од Гостивар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal