Фудбалскиот ветеран од Јапонија, легендарниот Казујоши Миура, и на 55-годишна возраст продолжува активно да игра фудбал. Тој потпиша нов договор со четвртолигаш чиј тренер е неговиот брат.
„Кралот Казу“, како што го нарекуваат во Јапонија, се приклучи на тимот на Сузука Поинт Гетерс. Имаше многу симболика и во претставувањето, го стори тоа на 11 јануари во 11:11 часот, а ќе го носи и дресот со број „11“.
Миура во февруари ќе наполни 55 години, а имаше неколку понуди и од Џеј – лигата во Јапонија. Тој напомена дека сака да игра активно фудбал до 60 години. Во кариерата играше во Бразил, Јапонија, Италија, Австралија, а и во Динамо Загреб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













