Рома испушти победа против Атлетик Билбао на стартот од новата сезона во Лигата на Европа, ремизирајќи (1-1) во Рим. „Волчицата“ поведе со 1-0 со голот на Довбик во 32. минута од средбата. Сепак, Аитор Паредес во 85. минута успеа да израмни и донесе бод за тимот од Шпанија.
Ајакс го декласираше Бешикташ со 4-0. Готс беше двоен стрелец, погоди и Тејлор, а серијата голови ја отвори Киан Фиц-Џим.
Ајнтрахт до последните пет минути имаше водство од 3-1 против Плзен, но гостите на крајот дојдоа до 3-3.
ФЦСБ ја победи РФС со 4-1, Лион беше подобра од Олимпијакос со 2-0, а Брага со пресврт го победи Макаби Тел Авив со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













