Глазгов Ренџерс продолжува со катастрофални настапи во Лигата на Европа и по три одиграни кола останува без бод. Шкотскиот гигант вечерва доживеа нов тежок пораз, овојпат на гостувањето кај норвешкиот Бран (3-0), во натпревар што уште повеќе ја продлабочи кризата на тимот од „Ајброкс“.
Корвинг го отвори резултатот во самиот финиш на првото полувреме, а во продолжението Соресен и Холм ги потврдија трите бода за домаќините, кои сега сериозно се вмешуваат во борбата за осминафинале.
Нашиот репрезентативец Бојан Миовски повторно започна од клупата, а на терен влезе во 64. минута, но не успеа да направи разлика во играта на Ренџерс. Ова е трето коло по ред без освоен бод за шкотскиот тим, кој полека го губи чекорот во Европа.
Слична судбина доживеа и Црвена Звезда, која повторно капитулираше во Португалија. Српскиот шампион беше поразен од Брага со 2-0, со голови на Наваро и Доргелес. За „црвено-белите“ дополнителен удар е повредата на Марко Арнаутовиќ, кој мораше да го напушти теренот уште во 37. минута.
Брага со оваа победа има максимални девет бода, додека Звезда останува на само еден поен по три кола.
Големо изненадување вечерва приреди холандскиот Го Ахед Иглс, кој на свој терен ја победи Астон Вила со 2-1, и тоа против еден од главните фаворити за трофејот во ова натпреварување.
Фенербахче го победи Штутгарт со 1-0, со голот на Керем Актуркоглу од пенал во 34.минута. Лион славеше против Базел со 2-0, а Ференцварош го победи Салцбург на гости со 2-3. Болоња го победи ФЦСБ на гости со 1-2, а Генк и Бетис одиграа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роберт Просинечки е нов селектор на Киргистан
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













