Манчестер Јунајтед важеше за фаворит, но не успеа да го победи Твенте на стартот на Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ ремизираа 1-1 против холандскиот тим.
Јунајтед поведе во првото полувреме со погодокот на Кристијан Ериксен. Сепак, потоа стрелецот на „ѓаволите“ Ериксен погреши и му подари гол на Сем Ламерс, кој донесе бод за Твенте.
Лацио на дуелот во Хамбург го победи Динамо Киев со 0-3. Двата гола постигна Булаје Диа, а погоди и Деле Баширу.
Галатасарај го победи ПАОК со 2-1). Автоголот на Баба му донесе водство на Галатасарај, но Константелиас успеа да израмни. Сепак, Акгун донесе победа за својот тим.
Ница и Реал Сосиедад одиграа 1-1, идентично како и Мидтјиланд и Хофехајм.
Славија Прага славеше на гостувањето кај Лудогорец со 0-2, а Андерлехт триумфираше против Ференцварош со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













