Connect with us

ЛЕ: Фенербахче убедлив против Андерлехт, Ајакс славеше во Белгија (ВИДЕО)

Фенербахче ја покажа својата моќ и на домашен терен убедливо го совлада белгискиот Андерлехт со 3-0 во првиот меч од 1/16-финалето на Лигата на Европа, што значи дека реваншот во Белгија треба да биде само формалност.

Тимот на Жозе Мурињо е во одлична форма, без пораз на последните 13 натпревари. Главната улога во победата ја имаа балканските ѕвезди Душан Тадиќ и Един Џеко. Тадиќ го отвори резултатот, а Џеко зголеми на 2-0 пред паузата. Во вториот дел триумфот го запечати Јусеф Ен-Несири.

Реал Сосиедад, пак, забележа важна гостинска победа против Митјиланд во Данска (1-2). Тимот од Сан Себастијан водеше со 0-2 преку Мендеш и Кубо, а единствениот гол за домаќините го постигна Букса. Сите голови паднаа во првото полувреме.

Ференцварош по лигашкиот пораз се врати во победнички ритам, совладувајќи го Плзен со 1-0 благодарение на голот на Абу Фани во 23. минута.

Голема победа забележа и холандски Ајакс, кој на гостински терен го совлада Унион Сен Жил со 0-2. Расмусен и Мокио беа хероите на „копјаниците“, а белгискиот тим имаше два поништени гола.

Реваншите во 1/16-финалето на Лигата на Европа ќе се одиграат на 20 февруари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови