
Работнички загуби минимално (1-0) од Силекс во Кратово во 29.коло од Првата фудбалска лига. Кратовскиот тим победи со голот од пенал на Бобан Георгиев во 63.минута, но во финишот имаше ситуација да биде досудена најстрога казна по стартот над Баже Илијоски.
Тренерот Баже Лазаревски со анализа за мечот против Силекс, но и најава за следниот првенствен меч, в среда во Скопје против Победа.
„Одигравме солиден меч, создадовме неколку шанси, но не ги искористивме. Силекс постигна гол од пенал, но мора да се истакне дека имаше и два недосудени пенали за Работнички. Посебно во финишот, при акцијата на Баже Илијоски. Сепак, не сакаме алиби за нашиот пораз, ги анализиравме грешките и ќе се потрудиме да ги корегираме веќе за следниот првенствен натпревар, в среда против Победа. Би било добро да го заборавиме веднаш поразот од Силекс и експресно да се вратиме на победнички колосек“, изјави шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Луис Дијаз побарал трансфер од Ливерпул

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
