На стартот на новата 2025/26 сезона во домашниот шампионат, повратникот во прволигашката конкуренција, тимот на Македонија ЃП има задача да се спротивстави на гостински терен на тимот на Струга Трим Лум. Вистински предизвик за екипата која што може да се пофали со шампионски титули и трофеи во Купот во минатото, а која што во претстојната сезона сака да остави што подобар впечаток.
Еден од новитетите кај „лавовите“ летово е екс македонскиот младински репрезентативец, Мартин Талаков.
„Со нетрпение го очекуваме стартот на новиот шампионат. И јас и целиот тим на Македонија ЃП. Мислам дека имаме доста квалитет, од аспект на засилувања, а и оние кои се староседелци во тимот што се вели. Тимскиот дух ни е на високо ниво, подготвени сме максимално, да дадеме се од себе како на овој воведен дуел против Струга ТЛ, така и на секој нареден кој што следува.
Убеден сум дека имаме квалитет да се носиме со секого во шампионатот. Се е во наши раце. Ако одиграме како што знаеме и можеме секако ќе бидеме на добар пат. Мотивирани сме и гладни за успех. Што се однесува конкретно до дуелот во Струга, нормално дека нема да биде лесно, напротив. Сепак, планираме од ова гостување да се вратиме со бодови и на позитивен начин да го стартуваме шампионатот“, вели Талаков за сајтот на ФФМ.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Македонија ЃП се игра денеска, со почеток во 17.30 часот.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












