
Аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез веќе не сака да си замине од Интер. Тој ги договорил сите детали со раководството на лидерот во Серија А и ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 2024 година.
Одличниот напаѓач ќе добие зголемување на платата на 4,5 милиони евра по сезона, а ќе биде тргната отштетната клаузула од 111 милиони евра која постои во актуелниот договор. Тоа значи дека веќе никој нема да може да го добие Лаутаро Мартинез без согласност од Интер.
Лаутаро Мартинез оваа сезона игра одлично во тандем со Ромелу Лукаку, постигна 16 гола и забележа девет асистенции на 37 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
