Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез, одбил богата понуда за трансфер во Саудиска Арабија, пренесе „Скај Спортс”. Менаџерот на Аргентинецот ја потврди информацијата со официјално соопштение.
„Лаутаро постигна договор со раководството на Интер за потпишување нов договор. Тој е еден од лидерите на тимот. Исто така, е капитен. Ја разгледавме ситуацијата и тој нема желба да ја напушти Европа,” изјави неговиот агент Алехандро Камано.
Лаутаро игра во Интер од 2018 година. Има одиграно 282 натпревари и постигнато 129 голови за миланскиот гигант. Два пати ја освои Серија А и Купот на Италија, трипати Суперкупот, и играше во еден финале на Лигата на шампионите и Лига Европа.
Напаѓачот е дел од националната селекција на Аргентина за Копа Америка, каде постигна по еден гол во победите над Канада (2-0) и над Чиле (1-0) во групната фаза на турнирот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













