
Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка победувајќи го Перу со 2-0. Ова им беше трета победа во групата А, со што го обезбедија првото место со максимални девет бода. Головите ги постигна Лаутаро Мартинез, додека Лионел Меси го следеше натпреварот од трибините.
Аргентина во четвртфиналето ќе се соочи со второпласираната селекција од групата Б, што ќе биде или Мексико или Еквадор, во зависност од исходот на нивниот меѓусебен дуел.
Натпреварот се одигра на стадионот “Хард рок” во Мајами. Првиот гол беше постигнат по одлична акција во која Ди Марија асистираше за Лаутаро Мартинез. Вториот гол дојде по контроверзна ситуација, каде што Перуанците бараа фаул, но судијата не досуди прекршок, што му овозможи на Лаутаро Мартинез да постигне втор гол. Аргентинците не искористија и пенал на овој меч.
Канада заврши како второпласирана во групата А со четири бода по ремито со Чиле (0-0).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
