Connect with us

Лацио ја продолжи успешната серија и против Калјари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио го совладаа Калјари со 2-0 во последниот натпревар од десеттото коло во италијанската Серија А.

Со овој триумф, тимот од Рим ја продолжи својата серија без пораз, која сега изнесува шест натпревари — три победи и три нерешени исходи. Со тоа, составот на тренерот Маурицио Сари се искачи на осмата позиција на табелата со 15 бодови, додека Калјари е 14. со шест бодови помалку од вечерешниот ривал.

Домаќините во првото полувреме имаа две одлични шанси преку Матија Закањи, додека гостите од Сардинија можеа да поведат во 52. минута, кога во добра позиција се најде Џанлука Гаетано.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 66. минута, кога Матео Гендузи одлично го пронајде данскиот офанзивец Густав Исаксeн, кој од десната страна навлезе кон средината и со прецизен удар со левата нога погоди во спротивниот агол за водство од 1-0.

Во судиското продолжение, Лацио ја запечати победата со мајсторски погодок на Матија Закањи, кој со силен удар ја „закова“ топката во мрежата и го потврди славјето на „Олимпико“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови