
Лацио не планира да го продаде дефанзивецот Франческо Ачерби, иако ултрасите на клубот вчера го повикаа раководството да преземе итни мерки.
33-годишниот италијански дефанзивец беше нападнат од навивачите на римскиот клуб, кои со соопштение директно му порачаа дека повеќе не е добредојден во Рим, поради неговата постапка на натпреварот против Џенова. Фудбалерот погоди за победа од 3-1 и даде знак со рака, повикувајќи на молк во гостинскиот сектор на „Мараси“, каде што имаше околу 3.000 навивачи на римскиот клуб.
Раководството на Лацио сепак нема да попушти на овој притисок и лесно да се откаже од италијанскиот репрезентативец. Претседателот Клаудио Лотито, кој е познат по лошите односи со навивачите, не сака неговите одлуки да бидат условени од тифозите и е категоричен во намерата да го задржи дефанзивецот.
Ачерби важи за клучен дел од тимот на Маурицио Сари и покрај неговите проблеми да се адаптира на тактиката на поранешниот тренер на Наполи, Челси и на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
