
Лацио го објави потписот на Валентин „Тати“ Кастелјанос од американскиот Њујорк Сити.
Аргентинскиот напаѓач минатата сезона се прослави откако постигна четири гола против Реал Мадрид на еден натпревар за тимот на Џирона, каде што беше позајмен.
Според информациите, Лацио на Американците им платил трансфер од 15 милиони евра за правата на 24-годишниот Кастелјанос. Неговиот договор ќе биде до летото 2028 година.
Валентин Кастелјанос минатата сезона одигра 37 натпревари за Џирона, постигнувајќи 14 голови и една асистенција. Во текот на својата кариера играше и за Универзидад де Чиле и Монтевидео Сити Торк.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
