Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе сака да игра само и единствено во дресот на Реал Мадрид. Тоа веќе го сфати и раководството на ПСЖ после огромните убедувања за нов договор кои не дадоа резултат. Но, го дознала на суров начин и Барселона.
Претседателот Хоан Лапорта откри како поминале преговорите со Мбапе.
„Мбапе ни побара годишна плата од 50 милиони евра. Тоа е нон сенс и никој не може да си го дозволи. Тој е фудбалер од врвна класа, во тоа никој не се сомнева, но се уште ја нема освоено ниту Лигата на шампионите. Таквите барања се неразумни“, изјави Лапорта.
Очигледно дека за Реал Мадрид овие барања на Мбапе нема да важат…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal