
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити и Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорт, призна дека многу фудбалери се фрустрирани од непрофесионалниот однос на клубовите во Саудиска Арабија и размислуваат за заминување. Џордан Хендерсон веќе пребега од Ал-Етифак за да потпише за Ајакс, додека во последните денови сѐ почесто се шпекулира дека и Карим Бензема повеќе нема да игра за Ал-Итихад.
„Да речеме дека сум добро. Но, сепак, промената во однос на Европа е огромна и на крајот се зависи од адаптацијата“, откри Лапорт, играјќи во Ал-Наср со Кристијано Роналдо.
„Меѓутоа, мора да признаеме дека ниту луѓето во Саудиска Арабија не ни ги олеснуваат работите. И поради оваа причина, многу играчи не се задоволни од она што се случува“, продолжи шпанскиот интернационалец.
„Сè уште работиме секој ден, преговараме и работите полека се подобруваат. Ова е сепак нешто ново и за нив“.
„Ќе ви дадам едноставен пример. Сте договориле нешто, имате потпишан договор за тоа, а сепак, не сакаат да го исполнат. Тие се расправаат и не ги сфаќаат работите така. Ова не може да се случи во Европа. Тие подобро се грижат за играчите таму“.
„Во моментов не ја разгледувам можноста да заминам. Не сум размислувал за тоа. Ќе видиме како ќе се развиваат работите“, прокоментира Лапорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
