Челси доживеа дебакл на „Стемфорд бриџ“ против Манчестер Сити откако загуби со 1-3. Со овој пораз поранешната играчка легенда на клубот стана менаџерот со најслаби резултати во ерата на Роман Абрамович. Медиумите најавуваат дека можеби ќе добие отказ.
„Знаев дека ќе влеземе во криза, тоа се претчувствуваше со повредите и со неколку случаи на Ковид – 19. Притисокот секогаш е присутен на клупата на голем клуб како Челси. Пред само еден месец, кога редевме победи, сите велеа дека треба да ме задржат многу долго на „Стемфорд бриџ“. Мојата работа е да се обидам да ги кренам момците по овој непријатен пораз и да одиграме многу подобро на следниот меч. Се наоѓаме во тежок период, но ќе најдеме начин да излеземе посилни од ова“, изјави Франк Лампард.
Во следното коло од Премиер – лигата, Челси му гостува на Фулам на 15 јануари, но дали и Франк Лампард ќе биде на клупата?!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













