Лампард сака да го врати Рос Баркли на „Гудисон Парк“. Ваквото размислување не им се допаѓа на навивачите, дел од нив протестираат против враќањето на „неверниот син“ во клубот.
Лампард ги скаутира и Гилмор и Батшуаи, кои исто така немаат светла иднина на „Стемфорд бриџ“.
Младиот Шкотланѓанец минатата сезона ја мина на позајмица во Норич, одигра 24 натпревари во Премиер – лигата за „канаринците“. Играчот од средниот ред беше главно стартер, но не успеа да го спаси Норич од враќање во Чемпионшип.
Што се однесува до Батшуаи, ситуацијата е слична. Белгиецот повторно беше позајмен, овојпат во Бешикташ со ефект од 14 гола на 33 натпревари во турската Суперлига.
Евертон размислува за позајмица на играчи, а Лампард не би имал против да го добие триото на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













