
Новиот менаџер на Челси, Френк Лампард, имаше старт со пораз во неговото повторно деби на кормилото на лондончани. Неговиот тим загуби со 1-0 на гостувањето кај Вулверхемптон.
По натпреварот Лампард изјави дека нема начин како да се решат сите проблеми во еден ден.
Сепак, континуираната слаба форма на тимот е доста загрижувачка за навивачите, особено во пресрет на претстојниот двомеч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
„Кој е загрижен, нека не доаѓа на стадион. Играчите не треба да бидат загрижени. Не би рекол дека на тимот му недостига агресија, но треба да бидеме поконцентрирани. Во среда е сосема поинаков натпревар. Имаме меч од огромно значење и мислам дека ќе биде поинаку. Не е лесно да се води Челси. Знам дека не сме на позицијата на која треба да бидеме, но има причина за тоа. Не очекував да ги решиме сите проблеми во еден ден. Треба да бидеме поагресивни, побрзи и поодлучни во дуелите. Играчите мора да бидат свесни дека без тоа не можеме да победиме на натпреварите. Тука сум да помогнам. Не сакам да претерувам со критиките. Во тимот има многу талент“, изјави Лампард.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
