Connect with us

Лампард ќе го води денешниот тренинг на Челси

Легендата на Челси, Френк Лампард, ќе го преземе тимот со краткорочен договор до крајот на сезоната, потврдија медиумите на Островот. Тој треба да го води денешниот тренинг откако рано утринава е снимен како го напушта својот дом и се упатил кон клупската база на тимот.


За Лампард тоа ќе биде враќање на клупата на клубот, откако беше на чело од јули 2019 година до јануари 2021 година, кога беше заменет од Томас Тухел. До крајот на денот Челси ќе излезе со официјално соопштение за промената.

За „сините“ ова ќе биде уште една промена на тренерското место од почетокот на оваа слаба сезона за нив, која ја започнаа со Тухел, потоа тој беше сменет, а на негово место дојде Грем Потер.

Токму поранешниот менаџер на Брајтон доби отказ на почетокот на неделата, а во вторникот против Ливерпул ги предводеше Бруно Салтор.

Раководството на Челси, во меѓувреме продолжува да разговара со тренерите кои од лето треба да застанат на кормилото на тимот. Џулијан Нагелсман важи за фаворит, но се споменуваат и имињата на Луис Енрике, Чаби Алонсо, а од утрово меѓу нив силно се споменува и Антонио Конте.

Италијанецот во минатото беше на кормилото на тимот и успеа да стане шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови