Connect with us

Лаказет се врати во Лион

Францускиот интернационалец Александре Лаказет се врати во Лион и потпиша тригодишен договор со клубот. Тој се враќа на „Жерлан“ како слободен агент, откако во 2017 година од Лион се пресели во Арсенал за 60 милиони евра.


„Враќањето на Лаказет беше приоритет на клубот во последните месеци и одлично се вклопува со новата стратегија што ја воведува Лион“, се вели во клупското соопштение за трансферот на искусниот голгетер.

Лаказет осум сезони го носеше дресот на Лион, одигра 275 натпревари и постигна 129 погодоци. Сега шоуто ќе продолжи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови