Францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку и следната сезона ќе продолжи да игра за бундеслигашот Лајпциг. Ова го тврди претседателот на клубот, Оливер Минцлаф.
Шефот на клубот беше запрашан за иднината на офанзивецот, со оглед дека за него има голем интерес од клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал.
„Веќе неколку пати кажав – Нкунку ќе биде играч на Лајпциг следната сезона“, рече тој.
„Нкунку беше еден од нашите најдобри фудбалери во првиот дел од сезоната, кој, како што знаете, не беше особено добар. Под водство на Доменико Тедеско, тој помина нова фаза во својот развој и ќе продолжи да го прави тоа и следната сезона “, истакна Минцлаф.
Нкунку има 30 гола оваа сезона на 45 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













