Connect with us

Лајпциг и Баерн со реми го отворија вториот дел од сезоната во Бундес-лигата (ВИДЕО)

Лајпциг и Баерн Минхен поделија по еден бод играјќи 1-1 на премиерата од вториот дел од сезоната во Бундес-лигата. Баварскиот клуб сега има пет бода предност на врвот на табелата пред Фрајбург кој има и натпревар помалку.

Лајпциг е на третата позиција со 29 бода.

Ерик Максим Чупо Мотинг донесе водство за Баерн Минхен со голот во 37.минута. Сепак, Лајпциг успеа да израмни на почетокот на второто полувреме.

Марсел Халстенберг во 52.минута успеа да го надмудри Јан Зомер, новото засилување на Баерн на голманската позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови