
Германскиот бундеслигаш Лајпциг ќе го засили својот напад со фудбалерот на Милан, Ноа Окафор. Швајцарскиот репрезентативец ќе игра за „биковите“ како позајмен играч. Сè помеѓу двата клуба веќе е договорено, а Окафор денеска треба да пристигне во Германија на медицински прегледи.
Во договорот е вклучена и клаузула за откуп во вредност од 25 милиони евра.
„Росонерите“ ја одбија првата понуда на Лајпциг за Окафор, но ја прифатија втората. Германскиот клуб ќе ја покрива целата плата на Швајцарецот за време на неговиот престој на позајмица.
Милан го доведе Ноа Окафор во летото 2023 година од Салцбург за 15,5 милиони евра. Сепак, тој не успеа да се наметне во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal