Баер Леверкузен, кој е актуелен шампион, покажа дека не е непобедлив оваа сезона, а тоа го искористи Лајпциг со импресивен пресврт и победа од 2-3 на тешкото гостување. Иако тренерот Марко Росе доби црвен картон по само 25 минути игра, Лајпциг не се предаде, дури и кога заостануваше со 2-0.
Фримпонг и Грималдо обезбедија солидна предност за Леверкузен во самиот финиш на првото полувреме, но тоа не беше доволно за бод.
Кевин Кампл намали во судиското продолжение на првото полувреме, а Лоис Опенда во вториот дел презеде иницијатива. Со два гола, во 57. и 80. минута, Опенда го шокираше тимот на Чаби Алонсо.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го следеше овој голем триумф на Лајпциг од клупата за резерви.
🚨🇩🇪 GOAL | Bayer Leverkusen 2-3 Leipzig | Openda
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 31, 2024
OPENDA HAS GIVEN LEIPZIG THE LEAD !!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/NPQXMsw0rF
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski