Connect with us

Ла Лига го поништи црвениот картон на Винисиус Жуниор

Шпанската фудбалска лига изненадувачки реши да му го поништи црвениот картон на Винисиус Жуниор, кој го доби на изминатиот натпревар за Реал Мадрид против Валенсија. Напаѓачот беше исклучен во судиското надополнување поради удар без топка на противнички играч. Во овој случај, судијата Рикардо Де Бургос користеше ВАР снимки за да ја донесе оваа одлука.


Претходно Бразилецот беше револтиран од расистички скандирања од трибините кои деновиве предизвикаа огромен скандал.

Меѓутоа, Ла Лига сега реши да го поништи црвениот картон со образложение дека судиите од ВАР собата не му ја доставиле најдобрата снимка на главниот судија и со тоа го доведоа во заблуда.

„Репризите кои ги избраа шесте судии на ВАР беа делумно пристрасни, што влијаеше на судиското расудување“, се вели во официјалното соопштение.

Винисиус сега може да игра за Реал Мадрид на утрешниот натпревар против Рајо Валјекано.

Одделно, Дисциплинската комисија ја казни Валенсија со парична казна од 45.000 евра и делумно затворање на трибината „Марио Кемпес“ на „Месталја“ на пет натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови