Француската ѕвезда Килијан Мбапе донесе одлука да замине од Пари Сен Жермен на крајот на сезоната, а тоа секако ќе го отслика како „предавник“ во очите на луѓето од клубот, како и неговите навивачи.
Тренерот Луис Енрике веќе почна да му ја лимитира минутажата, затоа што подготвува тим што ќе игра без него следната сезона.
„Порано или подоцна, ние мораме да се навикнеме да играме без Мбапе. Затоа јас сакам да проверам некои други опции“, изјави Луис Енрике.
Францускиот весник „Л’Екип“ објави во ПСЖ заминувањето на Килијан Мбапе од клубот го гледаат како предавство.
„Не можете да му кажете „не“ на Насер Ал-Келаифи, не можете да му кажете „не“ на Катар“, изјавил извор од ПСЖ за „Л’Екип“.
ПСЖ и минатото лето едвај го убеди Килијан Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













