Фудбалерот на Спартак Москва, Квинси Промес, е уапсен на аеродромот во Дубаи, објавија медиумите во неговата родна земја Холандија. Напаѓачот е осуден на шест години затвор за трговија со дрога.
Тој беше обвинет дека е одговорен за увоз на над 1.300 килограми кокаин во Холандија.
Поранешниот холандски репрезентативец е член на рускиот клуб Спартак Москва и се обиде да отпатува во главниот град на Русија за да се приклучи на неговиот тим. Властите во Обединетите Арапски Емирати го приведоа фудбалерот пред да се качи во авионот.
По изрекувањето на пресудата, Квинси Промес и неговите адвокати поднесоа жалба на казната пред судот во Амстердам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













