
Поранешната холандска фудбалска ѕвезда, а сега играч на Спартак Москва, Квинси Промес, е осуден на шест години затвор за шверц на повеќе од еден тон кокаин.
Промес лани во мај во два наврати беше осомничен дека учествувал во организиран шверц на дрога. Првиот пат се работеше за количина од 650 килограми кокаин, додека вториот пат за 713 килограми, вкупно 1.366 килограми психоактивна супстанца.
Фудбалерот бил дел од групата која во јануари 2020 година била пресретната од белгиската полиција во Антверпен, а веднаш потоа била покрената кривична постапка.
Државниот суд во Холандија го прогласи 32-годишниот Промес за виновен за увоз, извоз, транспорт и поседување на дрога која била транспортирана од Бразил во Антверпен.
Обвинителот првично побара славниот фудбалер да биде осуден на девет години затвор, но казната на Промес беше намалена, иако тој никогаш не се појави на судењето.
Фудбалерот на Спартак Москва тренира и игра во дресот на рускиот гигант, а оваа земја сѐ уште го нема испорачано во Холандија каде треба да ја одлежи затворската казна.
Наводно, фудбалерот смета дека е „недопирлив“ се додека е во Русија…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски се враќа во Словачка?

Прва лига
Силекс го доведе Малик Хамзиќ

Евро-фудбал
Габриел останува во Арсенал до 2029 година

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
