Ѕвездата на Наполи, Квича Кварацкелија, го загрижи шефот нна стручниот штаб Антонио Конте по настапот на натпреварите од Лигата на нации во репрезентацијата на Грузија. 23-годишниот крилен напаѓач беше принудно заменет во вториот дел од мечот со Албанија (1-0) и во оваа фаза неговата состојба е нејасна.
„По ударот во првото полувреме, Квара играше со болки во вториот дел. Сакаше да остане на теренот што е можно подолго бидејќи е тимски играч. Сепак, ни требаше повеќе движење на крајот и затоа го заменив“, изјави селекторот на Грузија, Вили Сањол.
Кварацкелија сега се врати во Неапол, каде што ќе биде прегледан од лекарите на Наполи. Првичните прогнози се дека повредата не е сериозна, но сепак, на „Диего Марадона“ не сакаат да брзаат пред да ги видат резултатите од неговите тестови. Во оваа фаза под знак прашалник е неговото учество на претстојниот меч против Калјари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













