
Хуан Квадрадо потпиша за Интер како слободен играч помалку од еден месец откако му истече договорот со Јувентус. 35-годишниот играч потпиша договор со „нероаѕурите“ на една сезона, а неговата плата во овој период ќе биде 2 милиони евра.
Квадрадо ги одби понудите од неколку саудиски клубови и од Фенербахче за да остане во Серија А. Сепак, неговата преселба во Милано предизвика голема полемика и меѓу навивачите на Јувентус и Интер.
Приврзаниците на „бјанконерите“ се чувствуваат изневерени бидејќи искусниот фудбалер помина осум години во клубот од Торино, забележа 314 настапи и освои 11 трофеи со „старата дама“.
Навивачите на Интер имаат негативен став кон Колумбиецот, бидејќи тој постојано ги провоцирал нив или играчите на тимот за време на Дерби д’Италија.
Bienvenido 🇨🇴#ForzaInter #WelcomeJuan
— Inter (@Inter_en) July 19, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
