
Државниот врв на Австрија свечено го испрати националниот тим на претстојното ЕВРО на кое прв противник во рамки на групата ќе им биде македонската фудбалска репрезентација, на 13 јуни во Букурешт.
Шефот на австриската држава, Александер ван дер Белен, им посака на репрезентативците многу успех на Европското првенство, истакнувајќи во својот говор дека Австрија би можела да биде изненадувањето на ЕВРО 2020.
„На речиси секое Европско првенство постои екипа, која не само што ги исполнува надежите и соништата на фановите, туку и ги надминува“, истакна австрискиот претседател, додавајќи, притоа, оти не сака да врши притисок врз фудбалерите.
Канцеларот Себастијан Курц изрази задоволство поради одржување на ЕВРО, оценувајќи дека тоа е чекор кон враќање во нормален живот.
„Интересно е тврдењето дека одлуката, почнувајќи од 10 јуни да ги релаксираме рестриктивните мерки во Австрија и да им дозволиме на рестораните и баровите да работат до 24 часот, ја донесовме со цел натпреварите од ЕВРО да можат да се гледаат во друштво. Тоа е нешто што не може да се докаже, но, не може ниту да се негира“, изјави австрискиот вицеканцелар и министер за спорт Вернер Коглер.
Европското првенство официјално ќе биде отворено со мечот во Рим меѓу Италија и Турција на 11 јуни.
Македонската фудбалска репрезентација во вторник заминува за Букурешт каде по премиерниот дуел против Австрија, во вториот натпревар на 17 јуни игра против Австрија, а четири денови подоцна против Холандија во Амстердам.
Ehre, wem Ehre gebührt: Unser Nationalteam wurde in Richtung @euro2020 verabschiedet! #GemeinsamÖsterreich || 📺🇦🇹 Zum Beitrag auf ÖFB TV: https://t.co/Brw7d8jAEi pic.twitter.com/m21nNRoC34
— ÖFB – oefb.at (@oefb1904) June 5, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
