
Голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема да брани за репрезентацијата на Белгија додека не биде променет селекторот Доменико Тедеско, но и додека не заминат челниците на белгискиот фудбал.
Тибо Куртоа објави порака преку својот Инстаграм профил.
„Сакам да испратам порака до сите навивачи на Белгија и оние кои навиваат за нашата репрезентација. Чувствувам неверојатна љубов и чест кога ја претставувам мојата земја на теренот, бидејќи и самиот сум навивач на „црвените ѓаволи“. Се чувствувам привилегирано што можам да го носам дресот на Белгија, дрес кој не можев да го замислам ниту во моите најлуди соништа. За жал, по она што се случи со селекторот и моето размислување, решив повеќе да не играм за Белгија додека тој е селектор. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба кон него не би била добра за атмосферата во соблекувалната. Имав разговор и со федерацијата која го привати мојот став и причините што доведоа до оваа болна отлука. Жалам што некои навивачи ќе бидат разочарани, но знам дека ова е најдобриот начин за Белгија да се фокусира кон остварување на своите цели“, напиша Куртоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
