
Интер е нов првак на Италија, ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А и по 11 години се израдува на шампионскиот трофеј. Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал е навикнат на шампионско славје. Тој во изминатите десет години дури деветпати освоил шампионски пехар со тимот каде што настапувал.
Серијата на Видал почна во 2012 година кога четири сезони последовно освојуваше шампионска титула со Јувентус. Потоа се пресели во Баерн Минхен и нанижа три пехари од германското првенство. Следеше трансфер во Барселона и веднаш шампионска титула, а не успеа само во 2020 година кога со каталонскиот тим стигна до втората позиција во Ла Лига.
Оваа сезона Артуро Видал е член на Интер и ја освои шампионската титула во Калчото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal