Струга Трим Лум ќе го пречека составот на Македонија ЃП во денешното полуфинале (16 часот) од Купот. Тренерот Срѓан Захариевски вели дека ова е историска шанса за неговиот тим да стигне до финалето, а потоа да се обиде повторно да обезбеди излез на европска сцена.
„Ова е меч за историја на домашен терен. Минатата година ја испуштивме таа шанса со Силекс, но, сепак, оваа година немаме друга шанса за излез во Европа и за овој меч максимално се подготвуваме. За Македонија ЃП имам голема почит, се работи за добра екипа кој под водство на Бајрами има одлични резултати. Но, на секоја серија во фудбалот ѝ доаѓа крај, па така се надевам дека сега ќе биде тоа случај со нашиот ривал“, вели Захариевски.
Во полуфиналето се игра еден натпревар, победникот од денешната пресметка во Струга ќе се пласира во финалето кое е закажано за 20.мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal